Џафери: Македонија е цврсто посветена на регионалната соработка

Од:

Република Македонија е посветена на натамошното унапредување на регионалната соработка во сите области на општествениот живот, вклучително и одбраната. Зајакнувањето на регионалната соработка е силен потстрек за понатамошно зацврстување на регионалната стабилност и на глобалната безбедност.

Ова го нагласи министерот за одбрана Талат Џафери на денешниот состанок на Форумот за безбедносна соработка на земјите од Западен Балкан – СЕДМ, како дел од сеопфатниот регионален министерски состанок во Словенија.

СЕДМ како една од најстарите иницијативи во регионот, потенцира Џафери, дава огромен придонес во процесите на регионална интеграција и јакнење на дијалогот меѓу земјите.
Осврнувајќи се на еден од најзабележливите проекти на СЕДМ, Бригадата на Југоисточна Европа – СЕЕБРИГ, министерот Џафери ги поздрави напорите за изнаоѓање соодветен ангажман на бригадата во операции предводени од НАТО, од ЕУ или од ООН, согласно нејзините капацитети и способности.

Говорејќи за можностите за продлабочување на соработката, Џафери, соопшти денеска МО, акцент стави на заедничката обука, вежбите, заедничките проекти, како и заедничкото учество во мировни операции. Како успешна приказна ги спомена Регионалниот центар за односи со јавноста кој од јуни оваа година е 26-тиот НАТО партнерски центар, како и Центарот за медицинска обука кој од минатата година ги исполни условите да прерасне во регионален центар.

Армискиот полигон „Криволак“, дополни министерот, претставува еден сериозен капацитет кој може да се користи од страна на армиите на НАТО-земјите, армиите на земјите од регионот, вклучително и армиите на земјите-членки на СЕДМ.

Сеопфатниот регионален министерски состанок во Словенија, кој се заокружува со состанокот на Форумот за безбедносна соработка, стои во соопштението, е една нова можност за рационализација, како и поблиска координацијата и синхронизација на регионалната одбранбена соработка во Југоисточна Европа и во регионот на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски

Лафчиски: Нашето членство во НАТО е гаранција за мир и стабилност во земјата

Во сообраќајка се преврте возило на АРМ, едно лице е повредено

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација