Сите 18 патници и членови на екипажот загинаа денеска при уривањето на авион на аеродромот во близина нигерискиот град Лагос, сооппштија воздухопловните власти на Нигерија.
Како што јави Анадолија, авионот сопственост на компанијата „Асошиејтид Ерлајнс“, кој се движел кон југозападната држава Ондо, се урналпри обидот за слетување на аеродромот.
Според медиумските извештаи, пожарникарите се уште се на местото на несреќата и го гаснат запалениот авион.