Денеска облачно со повремени локални врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи

Од:

Времето во текот на денешниот ден се очекува да биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура се очекува да биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 11 до 18 степени.

Во Скопје се прогнозира променливо облачно време со повремен дожд и со услови за ретки грмежи.

Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Синоптичарите информираат дека продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

Според најавите, денеска и во четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурите од недела се очекува да бидат во опаѓање.

Би можело да ве интересира

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, свежи утра и високи дневни температури

Денеска сончево со мала до умерена облачност, температура до 20 степени

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска облачно и релативно топло, со локални врнежи од дожд

Горан Наумовски

Денеска ќе е променливо облачно, температурата до 19 степени

УХМР: До вторник стабилно време, во среда локален дожд, од четврток температурите во пораст