Денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град.

До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно со повремен локален дожд

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска сончево и топло со температури од 30 до 37 степени

Горан Наумовски

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи