ВРЕДИ: Не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за трагедијата во Кочани

Од:

ДУИ се претвори во партија чија единствена идеологија е одбрана на своите поранешни функционери. За таа нивна цел се подготвени да ги бојкотираат локалните избори и да се обидат да предизвикаат политичка криза. Да бидеме на чисто, ВРЕДИ посакува Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност, бидејќи, без разлика што сме лути политички противници, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за трагедијата во Кочани, велат од ВРЕДИ.

„Но, за тоа одлучуваат правосудните органи, а не политичките чинители. Меѓутоа, кога ДУИ зборува за систем, треба да одговори на што точно мисли. На системот кој нивниот режим го создаваше 22 години, додека беа дел од сите Влади на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ? На Јавното Обвинителство на Ислам Абази? На бегалците од правдата Артан Груби и Прпарим Бајрами? На системот на владеење кој од голобради функционерчиња на ДУИ направи милионери на грбот на Албанците? На системот во кој имаше селективна одговорност за трагедиите со модуларната болница во Тетово, Ласкарци, Беса транс? Колку и да се препелка ДУИ, колку и лажно да се претставуваат како фактор меѓу Албанците, политичкиот крај на ова нивно корумпирано раководство пристигнува, тврдат од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори