Со поддршка на УСАИД рекордни приноси пченка во Пелагонија

Од:

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси денеска симболично го одбележа почетокот на жетвата на пченка во Пелагонија.

Како што соопшти УСАИД, земјоделците од Пелагонија со помош на иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ постигнаа рекордни приноси годинава.

Иницијативата почна во февруари и значително ја зголеми локалната понуда на пченка за добиточна храна преку воведување инoвативни земјоделски практики и нови системи за наводнување „капка-по-капка“. Во просек, сите 40 земјоделци од Полог и Пелагонија кои учествуваа во проектот ги зголемија приносите на зрно од пченка за 26 отсто и приносите на силажа (добиточна храна составена од стебла и листови на пченка) за 53 проценти.

Идната година иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ ќе премине во втората фаза и ќе им помогне на уште повеќе земјоделци од Полог и Пелагонија да станат конкурентни мали бизниси.

Според УСАИД, преку модернизацијата на производството на пченка во Македонија ќе се зголемат приходите на малите и средните земјоделски бизниси, но ќе се зголеми и вредноста на поврзаните индустрии кои зависат од пченката за добиточна храна, како што се млекопроизводството и живинарството.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници