Зајкова: Среќен и благословен Бајрам – исполнет со мир, хармонија и заедништво

Од:

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во објава на социјалните мрежи им го честита денешниот празник, Бајрам, на верниците од муслиманската вероисповест.

„Бајрам Шериф Мубарек Олсун! Денеска, кога го одбележуваме крајот на светиот месец Рамазан, ве повикувам сите да ја споделиме радоста, љубовта и солидарноста со луѓето околу нас“, вели Зајкова.

Зајкова додава дека Бајрам е време кое нѐ потсетува на вистинските вредности – меѓусебна почит, разбирање и подадена рака кон секого, без обзир на нашите различности.

„Да не дозволиме денешниот празник да биде само еден момент на радост, туку инспирација да градиме општество во кое секој човек е вреднуван, секој глас е слушнат, а различностите нè зближуваат, наместо да нè разделуваат“, завршува во својата објава претседателката Зајкова посакувајќи им на граѓаните кои го слават денешниот ден среќен и благословен Бајрам, исполнет со мир, хармонија и заедништво!

Би можело да ве интересира

Филипче тврди дека ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ договориле блокада на Собранието со цел предвремени избори

Предраг Петровиќ

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти