Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

Од:

Стејт департментот денеска официјално го извести Конгресот на САД дека ја распушта Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и дека ќе преземе дел од функциите на УСАИД, јавува Си-Ен-Ен.

Реорганизацијата на УСАИД ќе биде завршена до 1 јули, објави Стејт департментот, со што ќе се запечати судбината на агенцијата која се бореше против сиромаштијата и е позната ширум светот.

Американскиот државен секретар Марко Рубио истакна дека вистинската странска помош може да ги унапреди националните интереси на САД, да ги заштити границите и да ги зајакне партнерствата со клучните сојузници, но УСАИД „за жал одамна отстапи од својата првична мисија“, објави веб-страницата на Стејт департментот.

„Благодарение на претседателот Трамп, таа погрешна и фискално неодговорна ера сега заврши“, нагласи Рубио.

Тој најави дека програмите за помош за странски земји ќе бидат пренасочени за директно да се усогласат со она што е најдобро за САД и нивните граѓани.

„Продолжуваме со основните програми за спасување животи и стратешки инвестиции кои ги зајакнуваат нашите партнери и нашата сопствена земја. Ова е уште едно ветување дадено и реализирано до американскиот народ“, рече Рубио.

Администрацијата на Доналд Трамп ја обвини УСАИД за лошо управување со парите на даночните обврзници и финансирање странски програми кои не се во интерес на САД.

Сегашни и поранешни вработени во УСАИД и експерти за помош тврдат дека агенцијата, иако има недостатоци, ги задоволува виталните хуманитарни потреби и ја поттикнува „американската мека моќ“.

Би можело да ве интересира

Трамп итно му се јавил на Путин

(ВИДЕО) Снимка која ги побива тврдењата на Трамп: Дали сепак САД се одговорни за смртта на учениците во Иран?

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Американската армија под напад: Иран презентираше податоци за бројот на загинати

Американски разузнавачи: Русија индиректно се приклучи на војната, помагајќи му на Иран во нападите врз американските трупи