Јапонската корпорација НЕС создаде уред што изгледа како нормални очила, но имаат функција изговорените зборови на странски јазик да ги трансформира во пишан превод, што потоа се проектира директно на окото.
„Очилата“ поседуваат мини компјутер и микрофон, а благодарение на технологијата за проектирање текст директно на мрежницата од окото може да се користат со часови без да се почувствува замор на очите.
Компанијата НЕС се надева дека очилата за масовна употреба ќе бидат достапни до 2020 година, кога Токио ќе биде домаќин на летните олимписки игри. Засега очилата преведуваат јапонски, англиски, корејски и кинески јазик.
Кога странци ќе дојдат во Јапонија на меѓународни настани, како што е Олимпијадата, сметаме дека би било многу корисно да можат да го читаат менито во рестораните и други корисни содржини на јапонски јазик, а тоа автоматски да се преведува на нивниот јазик, наведува компанијата НЕС.