Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Од:

Израел го смета Либан одговорен за денешниот ракетен напад врз регионот на Галилеја и силно ќе одговори на заканите за безбедноста на земјата, изјави израелскиот министер за одбрана, Израел Кац.

„Ќе ја обезбедиме безбедноста на жителите на Галилеја и ќе дејствуваме силно против секоја закана“, рече тој во изјавата, според Тајмс оф Израел.

Кац нагласи дека без мир во северните погранични градови на Израел, „нема да има мир во Бејрут“. Две ракети од Либан утринава биле истрелани врз северен Израел, откако биле активирани сирените во пограничните населби, соопшти израелската војска (ИД).

Според соопштението, една од ракетите била пресретната, а другата паднала на либанска територија, пишува Тајмс оф Израел. Ова е втор напад од Либан во изминатата недела, откако на 22 март беа истрелани три ракети врз Метула.

Би можело да ве интересира

Израел уби 40 терористи на Хамас

Израел доби зелено светло за Евровизија, неколку земји се откажаа од натпреварот

Горан Наумовски

Медиуми: Се подготвува нов напад на Иран, САД првично нема да интервенираат

Министерството за здравство во Газа: Убиени се 70.100 лица од почетокот на војната

Израелски напад во јужниот дел на Сирија: Најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Горан Наумовски

Хамас бара евакуација на неговите борци заробени во тунелите