Вучиќ: Доколку стапат на сила санкциите против НИС, ќе го чекаме одговорот на Русија и потоа ќе реагираме

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска за „Фајненшл тајмс“ (ФТ) изјави дека не гледа промена во американската позиција во однос на воведувањето санкции против српската нафтена индустрија и дека доколку санкциите стапат на сила по истекот на рокот во петок, Србија прво ќе ја чека реакцијата на Русија, а потоа ќе реагира.

Разговаравме и со Американците и со Русите и со сите за изнаоѓање решение“, изјави Вучиќ за ФТ од Белград.

Вучиќ вели, како што додава британскиот весник, дека преговорите со американската страна за прашањето на НИС не се помрднати од „мртвата точка“.

„Доколку санкциите стапат на сила, ќе треба што поскоро да ја видиме реакцијата на руската страна, а потоа ќе треба да реагираме“, нагласи српскиот претседател.

Според него, руската позиција е дека тие сакаат да го задржат својот удел во НИС „по секоја цена“.

Вучиќ призна дека „не е сигурен оти Јанаф ќе престане да транспортира нафта“ во петок, кога истекува рокот за постигнување договор за избегнување на американските санкции.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Вучиќ го распушти Собранието и ги распиша парламентарните избори

Горан Наумовски

Вучиќ по едногласниот избор за кандидат за премиер: „Огромна чест е што ја добив вашата доверба“

Горан Наумовски

СНС едногласно одлучи: Вучиќ носител на листата и кандидат за премиер

Горан Наумовски

Вучиќ: Телото на генерал Младиќ е преземено, треба да пристигне во Србија доцна попладнево

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври