Таравари: Инсистирав сите партии од Коалицијата на локалните избори за излезат со посебни листи

Од:

Министерот за здравство и претседател на Алијансата за Албанците кој е дел од Коалицијата „Влен“, Арбен Таравари денеска изјави дека во разговорите инсистирал сите партии од Коалицијата на локалните избори за излезат со посебни листи.

– Во преговорите сум инсистирал да имаме посебна листа како Алијансата за Албанците, но и другите партии, бидејќи мотивираме повеќе луѓе да се ангажираат на локалните избори. Но, ќе видиме, ќе направиме, рече тој.

Таравари истакна дека со лидерите од коалицијата Влен се во континуирана комуникација и оти имаат коректни односи.

Потенцира дека се подготвуваат за локалните избори и очекува наскоро да излезат и на јавноста да им ги кажат ставовите.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: ДУИ, партијата која искраде стотици милиони, глуми истражител

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

ВЛЕН: ДУИ го присвои Охридскиот договор и сега го кочи Законот за правична застапеност

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“