Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид

Од:

Украинската Служба за безбедност (СБУ) поднесе кривична пријава против Владимир Соловјов, еден од најистакнатите водители и пропагандисти на државната телевизија во Русија, за поттикнување геноцид и отворено повикување на напади врз украински цивили. Соловјов, кој живее во Русија, не е уапсен бидејќи е недостапен за украинските власти.

СБУ наведува дека против Соловјов се покренати обвиненија по пет члена од украинскиот Кривичен законик, вклучувајќи повреда на територијалниот интегритет на Украина, поттикнување геноцид, оправдување на руската вооружена агресија, пропаганда на војна и дејствија насочени кон насилно менување на уставниот поредок.

Според документите на украинските истражители, Соловјов постојано повикувал на употреба на тактичко нуклеарно оружје против Украина за време на неговите настапи на руската државна телевизија и барал целосна окупација на четири региони на југот и на истокот на земјата. Контроверзните изјави беа емитувани на неговите емисии на каналот „Русија-1“, на Московското радио и на неговиот канал „Телеграм“.

Би можело да ве интересира

Пукање и заложничка криза во Киев: Напаѓач влегол во продавница, зел заложници и уби пет лица

Свириденко: Поддршката на САД за Украина е сè посилна

Москва: Русија не е подготвена да преговара со Украина без посредник

Трет ден од рускиот баражен напад: Нападите ја исцрпуваат украинската воздушна одбрана

По Орбан остана Фицо: Словачка најави блокада на санкциите против Русија додека не се поправи Дружба

Русите го нападнаа Киев, ракета погоди зграда: Момче и жена се убиени, десетици се повредени

Горан Наумовски