Левица со низа мерки за заштита на граѓаните од системската корупција

Од:

Огромната трагедија во Кочани, која е незапамтена во поновата историја на Македонија, ги обелодени сите пропусти на корумпираниот систем чија цена за жал се плаќа во човечки животи. Изминатиов период политичката партија Левица, како одговорна опозиција, интензивно работи на сет законски решенија, со цел отстранување на законските аномалии кои ја легализирале корупцијата на одговорните политички фактори, велат од Левица.

„Дополнително, Левица преку своите советници во општините, веќе побара одговори и документација за состојбата со објектите кои се под надлежност на локалната самоуправа – со цел лоцирање и итно отстранување на незаконитостите. Безбедносните стандарди за заштита од непогоди, како во јавните установи (како училиштата и културните домови), така и во приватните објекти, се сериозна аномалија за која Левица и во минатото реагирала. Сепак, поради приватните интереси за профит на поединци, безбедноста на граѓаните е најдолу на листата приоритети – за луѓето во овој систем да бидат колатерална штета.

Токму поради тоа, во периодот кој претстои, нашите советници детално ќе ја мониторираат состојбата со јавните и приватните објекти, првенствено со фокус на тоа:
Дали училиштата и општинските установи поседуваат соодветна противпожарна опрема и истата редовно се сервисира?;
Дали училиштата и општинските установи поседуваат важечки Елаборат за заштита на пожари и План за евакуација?;
Дали општините ги реализираат програмите за противпожарна заштита (доколку воопшто ги има)?;
Дали во општината има објекти со издадена лиценца за вршење на угостителска дејност и дали овие објекти ги исполнуваат безбедносните протоколи според Законот за градење и Правилникот за урбанистичко планирање и проектирање?; и
Дали општината поседува техничка документација за секој објект во нејзина надлежност (згради, основни училишта и градинки) за брза евакуација при евентуални пожари поплави или земјотреси?

Во состојбата во кое се наоѓа македонското општество, мора неодложно и одговорно да се лоцираат пропустите и слабостите кои директно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Левица преку своите советници во периодот што претстои, како и претходно, ќе алармира за констатираните пропусти и незаконитости, со цел нивно итно санирање и закрепнување на ерозираниот систем во кој тоне македонското општество“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН