Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Од:

Европските лидери кои беа против прекинот на огнот во Украина се предомислија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе новинската агенција РИА.

Лавров рече дека Украина се согласила на 30-дневен прекин на огнот во март и веднаш побарала согласност од Русија.

– Иако три дена пред тоа сите велеа дека нема прекин на огнот, дека треба да ја „спремат“ Украина пред да седнат на преговарачка маса за таа да дејствува од позиција на сила. Тие веднаш го променија ставот штом ветерот го смени правецот, рече Лавров.

Лавров изјави дека истиот ден кога е постигнат договор за прекин на огнот, Киев лансираше рекорден број беспилотни летала во централните региони на Русија, без тоа да го осуди Западот.

Лавров истакна дека дијалогот меѓу Русија и САД е неопходен и претставува враќање во нормала.

„Она што односите меѓу тие земји го доживеаја за време на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден е аномалија. Ова не се одразува добро на политичарите, особено на оние со искуство како она на Бајден. Фактот што сега, и покрај сериозните несогласувања, го продолживме дијалогот е враќање во нормала. Таков дијалог е неопходен. Особено што не зборуваме само за Украина, смета Лавров.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија нема да „падне на колена“ пред Украина

Сибиха: Русија не постигна никакви стратешки цели во војната

Руските воени загуби од почетокот на војната надминаа еден милион луѓе

Напададнат е Харков: 12 повредени, меѓу кои четири деца, погодени се станбени згради

Русија: Ќе има решителен одговор на провокациите и ракетните закани од Киев

Горан Наумовски

Зеленски: Антиукраинската политика на Орбан е историска грешка