Словенечкиот премиер Аленка Братушек се закани дека ќе поднесе оставка

Од:

Словенечкиот премиер Аленка Братушек изјави денеска дека ќе ја напушти Владата, ако го загуби лидерското место на партијата Позитивна Словенија на 19 октомври.

Предупредувањето дојде откако вчера градоначалникот на Љубљана Зоран Јанковиќ, кој ја формира партијата Позитивна Словенија во 2011 година, но поднесе оставка поради корупциски скандал, објави дека ќе ја оспори лидерската функција на Братушек.

– Факт е дека некој друг ќе треба да се обиде да формира Влада, ако јас немам доволно поддршка во партијата, изјави Братушек. На сите треба да ни стане јасно дека времето за игри заврши, рече таа.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски