(ВИДЕО) Малолетници ја пробија вратата на продавницата и украдоа оружје

Од:

Полициската станица во Западен Спрингфилд објави дека, во соработка со полицијата на округот Монтгомери, уапси двајца малолетници осомничени дека упаднаa во продавница за оружје во Спрингфилд, САД.

Инцидентот се случи вчера рано наутро во 01:21 часот, кога се вклучи аларм во продавницата за оружје „Доминион дифенс“, соопшти локалната полиција.

Пристигнувајќи на местото на настанот, полицајците ја затекнале влезната врата скршена и констатирале дека е украден поголем број огнено оружје.

Истрагата открила дека три лица со возило го пробиле влезот во продавницата, па влегле внатре и украле оружје. Тие потоа побегнале со „тојота тундра“, а потоа украле „хјундаи тусон“ пред да се упатат кон државата Мериленд.

Двајца малолетни осомничени беа уапсени благодарение на брзата реакција на полицијата на округот Монтгомери.

Третоосомничениот се уште е во бегство. Пронајдени се неколку украдени оружја.

Во истрагата е вклучена и Федералната агенција за алкохол, тутун, оружје и експлозиви.

Би можело да ве интересира

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

По повеќе од две децении и 4.500 загинати Американци: Утре и последниот американски војник треба да го напушти Ирак

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

(ВИДЕО) Силна бура зафати делови на САД: откажани стотици летови, илјадници без струја

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ