Зеленски: Русија е единствената што ја продолжува оваа војна

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги даде забелешките по состанокот меѓу американските претставници и, како што рече, рускиот „воен тим“ во Саудиска Арабија.

„Денес претставниците на Соединетите Американски Држави разговараа со воениот тим – со претставници на Русија“, рече Зеленски. „После се одржа уште еден состанок на украинскиот и американскиот тим“, додаде тој.

Тој порача дека е неопходно да се оди кон вистински мир и загарантирана безбедност.

„На сите ни треба ова – во Украина, во Европа, во Америка, на сите во светот кои сакаат мир во меѓународните односи“, рече украинскиот претседател.

„Русија е единствената што ја продолжува оваа војна и го исмева нашиот народ и целиот свет. За да се принуди Русија на мир, потребни се силни потези и решителни чекори“, заклучи Зеленски.

Би можело да ве интересира

Песков: Литванија ќе биде мета доколку распореди нуклеарно оружје

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Крвав напад во Суми: Загинаа момче и девојка, над 20 лица се повредени

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег