Трамп: Гренланд може да стане дел од САД во иднина

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека Гренланд „можеби“ да биде дел од Соединетите држави во иднина.

Трамп на новинарите по состанокот со официјални лица во неговиот кабинет изјави дека тоа е важно за националната безбедност на САД, пренесе Ројтерс.

Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде рече дека членовите на неговата привремена влада нема да се сретнат со американска делегација која планира да ја посети американската воена база на островот оваа недела.

Егеде рече дека на Вашингтон му било кажано дека нема да има „преговори“ додека тој е на чело на привремената влада и додека не се формира нова влада на Гренланд по општите избори одржани на 11 март.

Јенс-Фредерик Нилсен, веројатниот иден премиер на Гренланд и лидер на Демократите, централнодесничарската партија која победи на изборите, претходно ги критикуваше изјавите на Трамп за Гренланд како „несоодветни“.

Би можело да ве интересира

Ако одбие да ја предаде контролата врз Газа, Хамас ќе биде целосно уништен, се закани Трамп

Катерина Ѓуровски

Не успеа во Портланд, па тргна на Чикаго: Трамп ја испрати националната гарда

Трамп откри како го натерал Нетанјаху да го прифати планот за Газа

ВИДЕО: Хамас да ги предаде сите заложници, примирјето да почне веднаш, Израел не престанува со безмислосното бомбардирање

Израелците го послушаа Трамп: Армијата доби наредба за Газа, нападите се запрени

Трамп им објавува војна на нарко-картелите

Горан Наумовски