„Секој еден, може да е следен”, „Правда за жртвите”, извикуваат граѓаните на денешниот марш во Скопје

Од:

Со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани, почна вечерашниот марш што го организира граѓанското движење „Кој е следен?“. Учесниците се собраа на плоштадот „Македонија“ од каде, преку „Триумфалната капија“, се упатуваат кон Собраниeто на Северна Македонија.

Тие скандираат “Доста беше смрт”, “Секој еден, може да е следен”, “Правда за жртвите” и “Доста бевме ние, системот е следен”. Може да се видат и транспаренти на кои пишува “колку мито треба за да ги вратиме жртвите”, “нема тишина, само правдина”,…

Предвидено е граѓаните да се распоредат во паркот „Жена борец“, спроти Собранието и Градската болница. Оттаму, со петминутен аплауз, ќе им оддадат почит на здравствените работници.

Маршот потоа треба да породлжи кон хотелот „Холидеј Ин“, да помине преку мостот „Филип Втори и преку булеварот „Гоце Делчев“ да пристигне до Владата каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.

Koj е следен?” во најавата за маршот напоменува дека е исклучиво против секаков вид насилство и провокации, а воедно се оградува и од каков било повик, скандирање (говор на омраза) или однесување кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир.

-Забранети се партиски обележја зашто протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира. Учесниците да ги почитуваат инструкциите на редарите, да избегнуваат секаков вид провокации, да не носат остри предмети, оружје, пиротехника и да не фрлаат отпад, наведуваат од „Koj е следен?”.

Додаваат и дека е забрането уништување на јавен и приватен имот.

Поради протестниот марш, од 19.00 часот е воведен посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. СВР Скопје апелира да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите