Калас: Продолжете со преговорите за Газа, нападите на Израел врз Сирија и Либан ризикуваат ескалација

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас повика денеска на продолжување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и предупреди дека израелските напади врз Сирија и Либан ризикуваат натамошна ескалација на ситуацијата.

„Продолжувањето на преговорите е единствениот изводлив начин да се стави крај на страдањата на сите страни. Насилството раѓа повеќе насилство. Она што сега го гледаме е опасна ескалација, предизвикува неподнослива несигурност за заложниците и нивните семејства, а исто така предизвикува терор и смрт за палестинскиот народ“, рече Калас на заедничката прес-конференција во Ерусалим со израелскиот министер за надворешни работи Гиладеон.

Таа додаде дека Израел има право на самоодбрана од терористички напади „без разлика дали од Хамас, Хути или Хезболах“, но дека воените дејствија мора да бидат пропорционални.

Би можело да ве интересира

Хамас има „црвени линии“ за мировниот план на Трамп и Нетанхају

Горан Наумовски

Објавена мапа е мапа како ќе изгледа Појасот Газа според планот на Трамп

33 лица убиени во израелски напади во Газа

Американските медиуми го објавија тајниот план на Трамп за мир во Газа

Можно е Тони Блер да ја предводи преодна власт во Газа

Трамп за Газа: Мислам дека имаме договор