Трамп збесна поради новиот портрет, бара сликата веднаш да биде одстранета

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го нападна уметникот кој го насликал неговиот портрет, кој е изложен во Сенатот на државата Колорадо. Тој смета дека портретот е „неласкав“.

Трамп бара од демократскиот гувернер Џаред Полис да ги отстрани уметничките дела што висат до портретите на сите други претседатели, пишува Дејли мејл.

„Никој не сака лоша слика за себе. Но, онаа во Колорадо е намерно искривена до ниво што дури и јас никогаш не сум го видел“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Уметничката која го наслика неговиот портрет, Сара Бордман, го наслика и портретот на Обама, за кој Трамп вели дека е прекрасен, но неговиот портрет воопшто не му се допаѓа.

“Претпоставувам дека таа го изгубила својот талент со текот на годините. Во секој случај, повеќе би сакал да немам портрет отколку да го имам овој”, додаде Трамп.

Тој исто така вели дека многу луѓе од Колорадо му се јавиле и му пишале и се пожалиле на уметничкото дело.

Неговиот контроверзен портрет беше откриен во 2019 година, за време на неговиот прв мандат во Белата куќа, и не е сосема јасно што ја предизвика оваа лавина гнев за тоа сега.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Неизвесна е одлуката на Трамп за Иран, од Техеран порака дека нема прелиминарен договор

Катерина Ѓуровски

Азизи: Иран нема да се откаже од своите црвени линии

Трамп: Нема договор без нормализирање на односите меѓу арапските земји и Израел

Горан Наумовски

Аксиос: Трамп ја назначи Пам Бонди во советодавниот одбор за вештачка интелигенција

Трамп: Оман ќе се однесува како сите други или ќе мора да ги дигнеме во воздух

Трамп: Дури и ако Иран се предаде, медиумите ќе пишуваат дека САД претрпеле пораз