Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Од:

Ноќеска на регионалниот пат Неготино – Градско, кај циглана во Неготино, полициски службеници ги уапсиле Д.К.(19) од Велес, С.Т.(25) од село Црвени Брегови, неготинско и еден малолетник.

Тројцата се затекнати како товарат предмети во возило „фолксваген голф“, а при преглед во возилото пронајдени се предмети кои ги одзеле од двор на фирма во Неготино.

Пронајдените предмети и возилото се одземени, за настанот се запознаени адвокат за малолетници, Центар за социјални работи и јавен обвинител.

Д.К. и С.Т. се задржани во полициска станица и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Водата за пиење во Неготино е забранета за употреба

А1он

Се забранува за пиење водата во Неготино поради присуство на мирис и вкус од непознато потекло

Уапсени се млади скопјани кои крадеа во маркет во Чаир

А1он

Мртов маж е пронајден во близина на Неготино

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка