ВИДЕО: Нијагарините водопади обоени во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани

Од:

Нијагарините водопади синоќа беа осветлени во црвено-жолтата боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани пред една недела, објави канадскиот дневен весник The Star.

Во пеиодот од 21:00. до 21:25 часот синоќа по локално време – и американската и канадската страна на Нијагарините водопади беа осветлени со црвена и жолта боја како што е знамето на Северна Македонија.

– Овој потег е со цел „да им оддаде почит на жртвите и да ги поддржи оние кои тагуваат по трагедијата во македонскиот ноќен клуб, изјави за весникот Стар, Крис Гилс од Нијагара Паркс.

Инцидентот во ноќниот клуб беше „ужасен“, рече Крис Палиаре, македонски адвокат кој живее во Торонто, чие семејство е во Канада повеќе од 100 години.

-Во место како Македонија, тоа е релативно мало … таква несреќа има уште подраматично влијание. Многу луѓе се познаваат, рече Палиаре.

Нијагарините водопади претходно блескаа со истите бои во 2021 година, на 30-годишнината од незавиноста.

-Во Канада има признание за долгогодишниот придонес што Македонците го дадоа во Канада, рече тој наведувајќи дека тоа „ви дава огромно чувство на гордост“.

Би можело да ве интересира

Остануваат во куќен притвор двајцата екс градоначалници на Кочани, Апелација ги отфрли жалбите

А1он

Таравари: Денес осум пациенти од Скопје се пуштаат дома, од странство се враќаат уште девет пациенти

Горан Наумовски

Црвен крст: Собравме 102 милиони денари, извршена е исплата на сите семејства кои требаа да добијат помош

Јаневска: До последен да се вклучиме да им помогнеме на младите да се справат со проблемот по трагедијата во Кочани

УКИМ донира 3.800.000 денари за настраданите во Кочани

Пратениците од Левица ќе донираат повеќе од половина од мартовската плата за семејствата на загинатите во Кочани