Незгода при слетување на авион на венецуелската влада

Од:

Авион на венецуелската влада во кој се наоѓал и претседателот Николас Мадуро, имал незгода при слетување во Боливија, соопштија официјални лица.

Инцидентот се случил во Кочабамби, на околу 400 километри источно од Ла Паза (Боливија), пренесе „Франс прес“. Сите патници и членови на екипажот безбедно се евакуирани од авионот „херкулес Ц-130“ кој што е од американско производство.

Мадуро треба да отпатува во Боливија на регионални разговори со боливискиот шеф на државата Ево Моралес и еквадорскиот претседател Рафаел Корео.

Се претпоставува дека причина за незгодата е лошата состојба на гумата со која авионот требало да слета.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот