(ВИДЕО) Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Лесковац изјави дека „научил лекција“ од протестите во Србија и ќе побара од сите државни органи да реагираат во секое време и на секое место.

„Оние што нема да го направат ова, ќе ги смениме. Полицајците кои не сакаат да го штитат редот и законот ќе бидат разрешени, како и обвинителите кои не сакаат да ги штитат редот и законот“, им рече Вучиќ на граѓаните во Народниот театар во Лесковац.

Тој повторно тврдеше дека актуелните настани се резултат на „обоена револуција“.

Демонстрантите се собраа во близина на театарот за да протестираат поради посетата на Вучиќ на Лесковац. Полициски кордон ги запре на пат кон театарот, а толпата скандираче „оди лечи се, ти си болен“ и „пумпа, пумпај“.

Протестите во Србија траат од ноември 2024 година, по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, што предизвика бран на незадоволство поради наводната корупција и лошо извршените градежни работи.

Протестите прераснаа во масовно движење против корупцијата, обединувајќи студенти, професори, земјоделци и други работници. И покрај оставката на премиерот Милош Вучевиќ и другите министри, демонстрантите продолжуваат да бараат одговорност и правда за жртвите, како и поголеми инвестиции во високото образование.

Протестите ескалираа откако 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ почина во болница, станувајќи 16-та жртва од уривањето на настрешницата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Го поддржувам предлогот да се истражи како функционери купувале вили во странство

А1он

Вучиќ: Нема наскоро да станеме членка на ЕУ – добро ја разбравме пораката

А1он

Вучиќ: Граѓаните можат да ја очекуваат мојата оставка на крајот на јули

А1он

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ ги претстави пријателите Драгутин и Милутин: Играат „Моравац“ подобро од мене!

А1он

Вучиќ: „Тие сакаа да ја уништат независна Србија“

Горан Наумовски