Попоски во Дубровник на „Кроација форум 2013“

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на „Кроација форумот 2013“, што се одржува во Дубровник, соопшти МНР.

Традиционалниот годишен форум, кој годинава се одржува на тема „Европска енергетска безбедност“, ќе се фокусира на енергетскиот сектор, кој има сe поголема улога во дефинирањето на политиката во 21-от век.

Предвидено е министерот Попоски има обраќање на форумот. Покрај домаќинот, првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни и европски работи на Хрватска Весна Пусиќ, ќе учествуваат и министрите за надворешни работи на Шведска, Турција, Унгарија, Летонија, Албанија, Црна Гора, како и други високи претставници од повеќе европски земји.

Годинашната тема на форумот произлегува од се поголемата улога на енергетиката во дефинирање на политиката во 21 век поради што може да има голема улога во дефинирањето на современите меѓународни односи. Сигурни, одржливи и достапни извори и снабдување се клучни за континуирана економска стабилност и стратешки интереси на Европа. Јакнењето на улогата на европската унија во меѓународните енергетски односи е клучно особено затоа што обезбедува политички решенија за зависност од странски извори.

Би можело да ве интересира

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни