Македонците најмногу ги сакаат германските автомобили

Од:

Македонските граѓани најмногу купувале германски автомобили, покажуваат статистичките податоци на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Од вкупно продадените возила во Македонија во 2013 година, 35 отсто се од германски производители.

Во поглед на техничките карактеристики, кога станува збор за изборот на горивото, 65 отсто од македонските купувачи во 2013 година одлучиле да возат дизел автомобил,  47 отсто избрале возило со зафатнина на мотор меѓу 1.500 и 2.000 кубика. Според каросериската изведба, 21 отсто од купувачите се одлучиле да набават мал автомобил, а 35 отсто преферирале да возат компакт автомобил.

Податоците ги објави компанијата Ми-Да Гранд Моторс, увозникот на Форд во Македонија, која од овој месец започнува кампања „Дизел е во тренд”.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска