(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека наскоро ќе следи „повик до луѓето ширум Србија да се борат за својата земја“, како што рече, преку мирни и демократски средства, а не со насилство, пренесува Anadolu.

„Отпорот, бунтот и незадоволството на народот од теророт на кој беа изложени луѓето во последните четири месеци расте и наскоро ќе има повик до луѓето, до луѓето низ Србија, да се борат за својата земја, да се борат за својата Србија, со мирни, демократски средства, не со насилство, не како што тоа го направија некои други“, рече Вучиќ во видеото.

Тој додаде дека синоќа добиле информација дека ќе бидат спречени „мирно да протестираат против нивниот терор“.

„Народот на Србија веќе не се плаши од никого и ништо, ниту од блокатори, ниту од политички терористи кои фрлаат солзавец во парламентот, ниту од никого“, посочи тој.

Вучиќ рече дека силата на Србија е во тоа што секогаш се исправа со неверојатна брзина и се бори за својата иднина.

Србија е место на протести од крајот на минатата година, иницирани од студенти и граѓани, откако 15 лица загинаа при уривање на настрешница на Главната железничка станица во Нови Сад на 1 ноември.

Би можело да ве интересира

39-годишен Македонец загина во сообраќајка во Србија

Продолжуваат протестните блокади во Белград по полициската акција

Горан Наумовски

Вучиќ ги помилува активистите на СНП осомничени за тепање на неколку студенти во Нови Сад

Горан Наумовски

Продолжуваат протестните блокади во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

Боцан-Харченко: Ситуацијата во Србија е под контрола на властите, надворешните антисрпски сили ги користат протестите

Предраг Петровиќ