Захарова: Москва нема намера да ја нападне Германија

Од:

Русија ќе одговори на можните чекори на Берлин за милитаризација на Германија, но нема намера да ја нападне Германија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Жешките глави во Берлин и другите европски престолнини мора да бидат свесни дека Руската Федерација ќе реагира брзо и остро на какви било милитаристички аспирации за да спречи закани по сопствената безбедност… Русија нема да ја нападне Германија. Изјавите на (лидерот на Христијанско-демократската унија) Фридрих Мерц за милитаризација укажуваат дека Берлин може да има такви планови“, рече Захарова.

На 13 март, Бундестагот ја разгледа законската иницијатива со која се предлага зголемување на трошоците за националната одбрана.

Берлин има намера да ја задржи минималната цел на НАТО за одбрана од два отсто од БДП, а во изборната програма на ЦДУ/ЦСУ, кои победија на неодамнешните избори, се наведува дека оваа бројка земјата треба да ја зголеми на три отсто.

Во предлог-законот доставен до Бундестагот се наведува дека конфликтот во Украина ја „промени безбедносната ситуација во Европа“. Германија моментално троши 2,12 отсто од својот БДП за воени потреби. Конечното гласање за законот е закажано за 18 март.

Би можело да ве интересира

Германските власти спречија можен напад, уапсени се пет лица

Мерц: САД агресивно ги следат своите интереси, Германија мора да ги следи своите

Захарова: Москва веднаш ќе одговори на замрзнувањето на руските средства во ЕУ

Инцидент во Германија: Мајка и четири деца се тешко ранети, напаѓачот е во бегство

(ВИДЕО) Мал авион слета во центарот на Манхајм, тројца патници од леталото се повредени

Горан Наумовски

САД и Украина ќе одржат разговори за прекин на огнот во Берлин