Трагедија на фестивал во Иран: Најмалку 21 мртов и над 6.000 повредени

Од:

Најмалку 21 лице загинаа, а 6.419 се повредени во Иран за време на прославите за огнениот фестивал „Чахаршанбе Сури“, соопштија денеска иранските власти.

И покрај предупредувањата од полициската управа во Техеран дека ќе користат беспилотни летала за следење на употребата на експлозиви, забележани се неколку смртни случаи поради употреба на такви материјали за време на прославата, јави денеска турската агенција Anadolu.

Иранската итна медицинска помош соопшти дека 21 смртен случај и 6.419 повредени се регистрирани низ целата земја, од кои 18 се во критична состојба.

Најголем број повредени се забележани во Техеран и провинциите Источен Азербејџан и Западен Азербејџан.

Рано утринава властите објавија 19 загинати и 5.568 повредени.

Скокање низ оган и рачно изработени експлозиви Во Иран, кој го следи календарот на Сончевиот Хиџри, систем заснован на движењето на сонцето, фестивалот „Чахаршанбе Сури“ се слави последната среда навечер пред Новруз, персиската Нова година што го означува доаѓањето на пролетта.

Популарна меѓу децата и младите, прославата вклучува скокање низ оган, огномет и употреба на рачно изработени експлозиви, кои често предизвикуваат сериозни несреќи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран се заканува со „силен одговор“: „Посилни сме од кога било“

Иран ги потврди нападите врз американската флота – Гашгави тврди: Преговорите повеќе не се опција

Иран испрати порака до САД: „Нападите врз нашите танкери се воено злосторство“

Автобус полн со ученици падна од височина, загина 21 лице

„Фајненшел тајмс“: Американците ноќе, тајно ги исчистија мините од Ормутскиот теснец

Галибаф: Правилата на играта се променети – Иран ќе возвраќа посилно

Горан Наумовски