Земјотрес почувствуван во Струмица и околината

Од:

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2.4 и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван попладнево во 15 часот и 34 минути во Струмица и во околината.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 34 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Струмица, на 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски