Шестооделенец со лисици врзал соучесник и му вперил пластичен пиштол

Од:

Во СВР Велес, од Основното општинско училиште во Велес денеска било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол.

Од малолетникот бил одземен пиштолот и бил предаден на полициски службеници. За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат попладнево од СВР Велес .

Воедно од полицијата додадоа дека пиштолот бил испратен на вештачење и ги чекаат резултатите од постапката.

Како што информира директорот на училиштето „Васил Главинов“, Драги Коцевски ученикот учи во шестто одделение во оваа училиште. Тој денеска дошол во училиштето со лисици и пиштол. Ги внел во класот и успеал на училишниот одмор да ги употреби. Поточно со лисиците врзал соученик му го вперил пластичниот пиштолот. Тоа создало паника кај останатите соученици, но и кај дежурниот наставник за време на одморот кој веднаш го информирал директорот и класниот раководител.

Коцевски појаснува дека веднаш постапил, додека заедно со колегите согласно законот ги информирале во Сектор за внатрешни работи Велес и Центар за социјални работи Велес .

-Детето го фрли пиштолот и избега од училиште. Замина дома. Пријавувањето на случката во полиција беше причина што во училишниот двор веднаш пристигнаа полициски службеници. Јас ги повикав неговите родители и службите ја започнаа постапката. Тие се надлежни за нејзино расчистување, појасни Коцевски.

Би можело да ве интересира

Се преврте багер, загина малолетник

А1он

Малолетник со метален предмет нападнал момче во Неготино

Маж од Арачиново со пиштол им се заканувал на вработени во ЕВН Македонија

Полицаец случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил

Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште

А1он

Кривична пријава за таткото на петнаесетгодишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје

А1он