Вацлав Клаус предлага излегување на Чешка од ЕУ

Од:

Поранешниот чешки претседател Вацлав Клаус во својата нова книга „Чешка на крстопат – време за одлука“ предлага земјата да излезе од Европската унија, јави дописникот на МИА од Прага.

Евроскептикот, кој и за време на своите два претседателски мандата се истакнуваше со своите ставови против ЕУ, смета дека токму Унијата придонесува за сите негативности кои се случуваат во чешкото општество, политиката и економијата.

Во интервју за весникот „Млада Фронта Днес“, Клаус објаснува дека во Унијата постои прекумерна регулација, се ограничува суверенитетот на националните влади и се губи способноста на политичките партии за спроведување на нивните идеи.

Во книгата, која официјално ќе биде претставена идната недела, Клаус дава радикални предлози од типот на драстично намалување на задолжителното трошење, укинување на државни институции, измени на изборниот систем, укинување на Сенатот, приватизација на фирми како чешката енергетска компанија (ЧЕЗ) и државната телевизија.

Претстојните вонредни парламентарни, кон крајот на овој месец, Клаус ги оценува како „меѓуизбори“, во кои предвидува трагичен пораз на десницата и на Граѓанската демократска партија, ОДС, чиј основач е.

Тој, исто така додава дека е подготвен, по „фаталниот пораз“ на својата матична партија да и помогне и и нуди соработка.

Основните, сериозни и важни теми за земјата, според Клаус ќе се решаваат дури на идните избори.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница