Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се повлекува од Меѓународниот центар за гонење на злосторства против Украина (ICPA), тело формирано да ја истражува одговорноста за инвазијата на Украина.

Американското Министерство за правда објави дека Америка се повлекува од телото две години откако администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден му се приклучи, објави Гардијан, наведувајќи дека официјално соопштение од Министерството за правда на САД се очекува подоцна денеска.

Центарот ICPA беше формиран за да ја утврди одговорноста на Русија и нејзините сојузници во Белорусија, Северна Кореја и Иран за агресијата врз Украина и давање поддршка во нејзиното извршување.

Американскиот федерален обвинител за време на мандатот на Бајден, Мерик Гарланд, во ноември 2023 година рече дека САД ќе доделат 1 милион долари на организацијата со седиште во Хаг, а САД станаа единствената земја надвор од Европа што испрати обвинител да учествува во истрагата на центарот, заедно со Романија, Полска, Украина, балтичките земји и Меѓународниот кривичен суд.

„Њујорк тајмс“ денеска цитира внатрешно писмо од Агенцијата на ЕУ за судска соработка (Европравда) во кое се наведува дека американските власти ги информирале за нивната одлука.

Би можело да ве интересира

Елон Маск објави формирање политичка партија, дали е тоа крај на двопартискиот систем на САД

Германија и купува ракетни системи „Патриот“ на Украина

Горан Наумовски

Кина: Не сакаме Русија да ја изгуби војната во Украина

Руски пилот осуден на 12 години затвор за предавство и финансирање на украинската војска

Кличко: Бројот на повредени во нападот во Киев се искачи на 23

Сибиха: Дронови со кинески компоненти го погодија Киев, оштетен е кинескиот конзулат во Одеса