Студентскиот протест во Белград е прекинат поради фрлени шишиња и камења кон толпата

Од:

„Студентскиот протест завршува. Нашите редари ги соблекоа елеците. Апелираме граѓаните да се повлечат на безбедно“, апелираа студентите на социјалните мрежи на околу два часа пред завршувањето на големиот протест во Белград.

За причините за прекин на протестот, кој требаше да трае до 21 часот, сѐ уште се шпекулира, но веројатно станува збор за извесни насилни провокации за време на 15-минутниот молк. Според српските медиуми, одредена група пред завршувањето на молкот фрлала разни предмети, шишиња, камења и пиротехнички средства кон студентскиот камп лоциран во паркот Пионер.

Студентите за новинарите од агенцијата Бета изјавиле дека собирот ќе се прогласи за завршен доколку има инциденти кои не се предизвикани од студентите.

Репортерот на агенцијата Бета јавува дека во просторот пред Собранието на Србија повеќе нема студентски чувари, туку различни групи луѓе сега шетаат и се собираат пред самата зграда.

Дел од толпата сѐ уште стои на раскрсницата кај Собранието на Србија каде што се случи инцидентот околу 19 часот, но организаторите веќе изјавија дека не сносат одговорност доколку има инциденти.

Би можело да ве интересира

Шест месеци чекаат плата: Вработени од Клиниката за детски болести на протест

Трагедија во Белград: Пензионер е убиен со секира, осомничениот и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Масовни закани за поставени бомби во училиштата во Белград

ВИДЕО: Нови детали за несреќата во Белград, меѓу повредените и две деца

ВИДЕО: Трамвај излета од шините и удри во зграда во Белград, има повредени

Катерина Ѓуровски

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“