ВЛЕН: При вработувањето на 300 војници, критериум ќе биде и соодветната застапеност

Од:

Пред неколку дена објавивме дека е отворен конкурс за вработување на 300 војници во Армијата на Република Северна Македонија. Право на пријавување имаат сите заинтересирани лица на возраст од 18-25 години. Но, во рамките на оваа објава ве известуваме дека уште еден критериум и елемент што ќе се земе предвид е правичната и соодветна застапеност. И ова прашање е решено и официјално се појавува во точката седум на конкурсот, кој се уште е активен, велат од ВЛЕН.

„Кога го отстранивме навредливиот механизам за балансирање, ветивме дека Албанците ќе бидат соодветно застапени во сите институции во земјата. Ова е почеток, продолжението ќе биде слично. Ќе има и правична и соодветна застапеност во секој конкурс. Ова прашање ќе продолжи се додека не се уреди со Законот за правична и соодветна застапеност.

Се обврзавме дека Албанците ќе се вработуваат повеќе и подобро, секаде, без разлика. Но, разликата во вработувањето на нашата Влада е во тоа што обезбедуваме правична и соодветна застапеност, но нужно имаме и механизам за филтрирање, меритократијата ќе биде клучниот збор при нашите вработувања. Вистинската личност на вистинското место. Албанците се способни, знаат и можат многу добро да водат. Можеме да вработиме повеќе Албанци и подобро. Правична и соодветна застапеност, достојна само преку меритократија, велат од ВЛЕН.

Би можело да ве интересира

Влен: Ние сме гаранција дека барањата на граѓаните ќе бидат исполнети

Влен: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги „изгоре“ во Изборна единица 1

Влен: ДУИ и Јетон Шаќири го уништија образованието

Османи: Разобличив уште една манипулација на ВЛЕН

Горан Наумовски

ДУИ: Наместо уставни измени и европска интеграција, Вреди ја отвори вратата за опасни влијанија од Белград и Москва

Меџити: Наша обврска е на учениците да им овозможиме што подобри услови за учење и развој