(ВИДЕО) Јанчев: Власта на ДПМНЕ го менува името на ФЗО

Од:

По измената на повеќе од 16 закони со кои се цементираше „Северна“ во името на Република Македонија, власта на ДПМНЕ повторно протнува закон, овој пат за Фондот за здравствено осигурување, само за да го смени името на институцијата. „Повторно имаме закон за домашна употреба, конкретно Законот за евиденции во областа на трудот, со којшто Фондот за здравствено осигурување на Македонија го менува името во ФЗО на Северна Македонија. Преспанскиот договор вели: ‘Mенувањето на документите и материјалите коишто се за домашна употреба ќе се менуваат при отворање на секое поглавје на релевантно поле во преговорите со ЕУ’. Ние преговори немаме почнато со ЕУ! Не знам зошто менуваме документи и закони за внатрешна употреба, истакна Сашко Јанчев на комисиската расправа во Законодавно-правната комисија за Предлог-законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на трудот.

Јанчев исто така нагласи дека Преспанскиот договор има многу правни основи за негова ништовност и наведе дека власта целосно го спроведува до таа мера што со закон се преземаат поголеми обврски од договорот.

– Со ова ДПМНЕ уште еднаш потврди дека нема намера да работи во насока на ублажување на последиците од предавничкиот Преспански договор, а уште помалку да се залага за негово укинување. Она што го започнаа СДС и ГРОМ сега го продолжува ДПМНЕ, рече Јанчев.

Би можело да ве интересира

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?