Трамп: Позитивни пораки од средбата во Џеда, американската делегација e на пат кон Русија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека доби „позитивни пораки“ во врска со средбата на американската и украинската делегација во Саудиска Арабија, но додаде дека тие не значат ништо и дека тоа е „сериозна ситуација“.

Тој изјави дека американската делегација „во овој момент“ патува во Русија за да разговара со руски претставници за нацрт-предлогот што беше претставен вчера во Џеда, пренесува Ројтерс.

– Се надевам дека ќе добиеме прекин на огнот од Русија. Ако дојде до тоа, мислам дека сме 80 отсто поблиску до крај на ова страшно крвопролевање – рече Трамп.

Тој повторно го обвини претходниот американски претседател Џозеф Бајден дека „дозволил војната да започне“.

Тој посочи дека САД можат да извршат притисок врз Русија, но додаде дека се надева дека тоа нема да биде потребно.

– Можеме да извршиме некои финансиски работи кои можат да бидат многу лоши за Русија – рече Трамп.

Би можело да ве интересира

Иран: Трамп лаже, не бараме прекин на огнот

(ВИДЕО) Трамп се потсмеваше со саудискиот принц: Не мислеше дека ќе ми го бакне задникот!

А1он

Трамп: Куба е следна, преправајте се дека не го кажав тоа

А1он

Трамп: Ја добивме војната со Иран, никогаш нема да имаaт нуклеарно оружје

А1он

Цените на гасот во Европа паднаа откако Трамп се откажа од закана за напад врз иранските електрани

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ајатолахот и јас можеме да го контролираме Ормутскиот теснец

А1он