ВМРО-ДПМНЕ: Сакале или не сакале СДС, поквалитетно образование во Македонија ќе има!

Од:

СДС не сакаат Македонија да има поквалитетен образовен систем. Да беше поинаку, ќе се заложеа во нивните 7 години власт да направат нешто корисно, наместо да го закотват образованието на дното на ПИСА, ТИМСС и Шангајската ранг-листа. Сега започнуваат вистински промени кои ВМРО–ДПМНЕ ги вети пред изборите, тие се дел од владината програма за работа, се реализираат и токму тоа е нивната болка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„На празни прес-конференции СДС изразува загриженост за образованието, која до јуни 2024 година не постоеше. Постоеја само лични и партиски интереси во владеењето. Ја видовме и нивната „инклузивност“ и „транспарентност“, кога носеа концепции и одлуки со декрет, насилно и без консултирање на засегнатите чинители. Тоа јавноста не го заборави. Не ја заборави дрскоста на Мила Царовска и затоа се сега во опозиција.

Транспарентноста во креирањето на политиките е одлика на Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ. За секоја промена се консултира експертската и пошироката јавност, а така ќе биде и со Концепцијата за гимназиско образование за која во тек е јавна дебата. Се слуша мислењето на засегнатите, а како што и најави ресорната министерка, процесот ќе се заокружи со собраниска дискусија во која пратениците на СДС ќе можат да го кажат своето мислење, доколку го оформат дотогаш.

Годинава за образованието е одвоен најголем буџет досега. Изнесува 38 милијарди денари со кои ќе се подобруваат наставата, инфраструктурните услови, правата и можностите за учениците, студентите, наставниците и професорите. Тоа е важен показател за посветеноста на актуелната Влада кон овој ресор. СДС и ДУИ не двоеја толку, бидејќи парите завршуваа во набавки за личен профит, како оние 10 милијарди денари за набавка на висококанцероген мазут“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“