„Субару“ го освежи моделот „Оутбек“ и за прв пат на купувачите им понуди 2.0-литарски боксер дизел мотор во комбинација со ЦВТ менувач.
Моделот за 2014 година дизајнерски речиси и не се разликува од актуелната верзија. Промените ја опфаќаат заштината обвивка на долните делови на возилото, што сега се во боја на каросеријата (претходно беа црни), и во рестилизираните 17 инчни алу фелни.
На купувачоте им се достапни и новите нијанси на надворешноста – „бисерно сина“ (Blue Pearl) и „Темносива металик“ ( Dark Gres Metallic).
„Субару Оутбек“ за 2014 година во верзијата со 2.0-литарски боксер дизел агрегат ќе биде можно да се нарача во комбинација со „Linetronic CVT“ менувач.
Просечната комбинирана потрошувачка на овој модел изнесува 6,3 литри на 100 километри, а ЦО2 емисијата е 166 грама на километар. Освен тоа, „Субару“ соопшти дека на „Оутбек-от“ се унапредени и системите за потпирање и управување.
„Оутбек“ за 2014 година пристигнува во продажните салони во Европа во ноември 2013 година, а цената во Велика Британија за моделот со ЦВТ менувач ќе изнесува 31.495 фунти (околу 37.700 евра).