ВМРО-ДПМНЕ: СДС е заложник на минатото, без визија, нема идеја и енергија

Од:

СДС повторно е заложник на минатото, без визија, без идеи, без енергија. Поразени на избори, расклатени од внатрешни фракции, тие очајнички се обидуваат да ја зачуваат контролата врз партијата преку личности како Фани Каранфилова – но дали ова е најдоброто што можат да понудат? Денешната состојба во СДС е резултат на погрешната кладба на Вице Заев. Додека светот се менува, додека глобалните политички текови носат нови предизвици, СДС повторно оди со старата матрица на клиентелизам, лични интереси и затворени кругови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Неколку суштински прашања до Фани Каранфилова:

1. Како се чувствувате како заложник на Вице Заев? Дали сте навистина избрана заради вашите квалитети или само заради тоа што сте „сигурен избор“ на стариот систем?
2. Зошто потрошивте илјадници евра на митинг во Струмица кој беше целосен дебакл? Дали партијата ги користи последните ресурси на безуспешни спектакли за Вице Заев да си ја задржи контролата?
3. Што мислите за бегството на Артан Груби и криминалот на ДУИ во Лотарија? Зошто СДС молчи и не се оградува? Дали тоа значи дека го одобрува криминалот?
4. Дали, со оглед на тоа што СДС никогаш не се извини за криминалите, значи дека стоите зад злосторствата врз граѓаните?
5. Дали го поддржувате изборот на Судскиот совет за претседател на Врховниот суд? Дали ова е уште еден обид за поставување партиски кадри во судството?
6. Дали е точно дека главниот спонзор кој ги платил автобусите за митингот на СДС се токму Заеви? Дали ова покажува дека СДС е сè уште во нивни раце?
7. Дали во плаќањето на автобусите има пари од Васко Ковачевски или средствата доаѓаат исклучиво од Заеви? Дали ова значи дека партијата е целосно зависна од нивните финансиски интереси?

СДС е партија без кредибилитет, без одговорност и без иднина. Нивната „реновирана“ структура не е ништо друго, туку повторно рециклирање на истите ликови кои ја уназадија државата. Но, едно е сигурно – граѓаните не сакаат рецидиви од времето на Заев. Можеби во СДС сè уште веруваат дека можат да ја држат партијата во заложништво преку поставување на потпросечни луѓе, но Македонија одамна го надмина тоа. Време е за нови политики, за одговорност и за реална промена, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“