Облачно и топло, попладне врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер.

Попладне, а особено во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни (над 15 литри на метар квадратен), во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер, над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од три до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека под влијание на топла и нестабилна воздушна маса од југ следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд.

аместа врнежите повремено ќе бидат поројни, над 15 литри на метар квадратен, во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен јужен ветер, над 60 километри на час.

Поинтензивни процеси ќе има во текот на ноќта и в четврток претпладне.

Преодно стабилизирање на времето ќе има в петок.

В сабота локално, а в недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со слаб локален дожд

Времето денес: Претпладне сончево, попладне променливо облачно и ветровито

Денеска облачно со услови за утринска магла

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Денеска сончево време со умерена облачност

Денеска променливо облачно со сончеви периоди, од утре ќе има заладување со нови пообилни врнежи

Горан Наумовски