Шефот на кабинетот на директорот на „Македонска пошта“, Рафиз Алити, изведен е пред истражен судија.
Се сомничи дека го предизвикал пожарот во „Македонска пошта“, со што сторил тешко дело против општата сигурност.
Според истрагата, причина за пожарот, кој избувнал во канцеларијата на шефот на кабинет е човечки фактор.
Алити пак тврди дека шефот на кабинетот во моментот на избувнување на пожарот, не бил во канцеларијата.
Рафиз Алити, кој е еден од видните луѓе во коалициската ДУИ вели дека апсењето било политички мотивирано
Истрагата треба да утврди колкава е штетата од пожарот.
Во пожарот настрада и импозантниот мурал на Борко Лазевски.
Кога се случи пожарот „Поштата“ не беше осигурена. Подоцна беше склучен договор со осигурителна компанија која се обврза да ги покрие трошоците.