ВМРО-ДПМНЕ: Голиот популизам и лошите економски политики кои Трендафилов ги шири, се директно по нарачка од Бихаќка

Од:

Трендафилов ниту го интересира минималната плата, ниту подобрувањето на животниот стандард, а најмалку пак работниците. Голиот популизам и лошите економски политики кои Трендафилов ги шири, се директно по нарачка од Бихаќка, односно коалицијата на СДС, ДУИ и Левица. Барањата на ССМ се нестварни, но тоа не нѐ чуди, бидејќи што може да се очекува од партискиот синдикат на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Трендафилов не го интересира животот на работниците, ниту пак сака реално да помогне во изнаоѓање на решенија и подобрување на животот на работниците, туку го интересира тоа каде ќе оди на одмор следниот продолжен викенд со големата плата којашто ја заработува врз грбот на граѓаните.

Го повикуваме јавно да каже, портпаролот на СДС и претседател на ССМ, колкава е неговата плата и ако е над просечната, како тој знае што им треба на работниците кои земаат помали плати од него, кога не бил во нивните кондури.

Трендафилов итно да престане да биде слуга на СДС, ДУИ и Левица и да почне да се однесува како што му наликува на еден синдикалец, а ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива економијата и да ја зголемува платата, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски