За да се спаси од полицијата, проголтал пакетче со дрога

Од:

Охриѓанец проголтал опаковка со бела прашкаста материја при полициска контрола на неговиот автомобил. Тој бил однесен во болница, каде му била извадена опаковката, по што ќе следи вештачење. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

-На 7.3.2025 година во 17.20 часот, на пресекот на улиците „Кленоец“ и „Железничка“ во Охрид, уапсен е М.Ј.(30) од Охрид. Тој, при контрола на неговиот патнички автомобил „рено“ проголтал опаковка со бела прашкаста материја по што е пренесен во Општата болница во Охрид. По преземени неопходни медицински мерки, опаковката е обезбедена по што ќе следи вештачење, се посочува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец, кај него е пронајдена дрога

А1он

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Жител на Стојаково во пластеница одгледувал пиперки, домати, ама и марихуана

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Притвор за дилер од Скопје – кај него е пронајден кокаин

А1он