Цел тропски рај на менито на владините функционери, додека работниците немаат ни за банални животни потреби, велат од СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски потврдуваат дека се најлажната Влада која ја водела државата. Неверојатно е со каква леснотија се трошат народните пари на приватни авиони, бизнис класи и егзотични овошја додека нема пари за повисоки плати за граѓаните. За нивните гурмански апетити плаќаме, додека граѓаните живеат во сиромаштија. Нема пари за повисоки плати, нема пари за работниците, ама за тропски овошја и луксузни деликатеси – има, велат од СДСМ.

„Додека граѓаните бројат денови до следната плата, Владата брои видови егзотично овошје. Папаја, манго, аспарагус, авокадо, ананас – цел тропски рај на менито на владините функционери, додека работниците немаат ни за банални животни потреби. Иронично, премиерот во минатото тврдеше „грозје не сум пробал“, ама сега одеднаш од државниот буџет се издвојуваат милиони за скапи плодови што народот не може ни да ги помириса.

Најновата лага на премиерот е дека не пробал ниту банана, немаше пробано ниту цреши. СДСМ е сериозно загрижена за исхраната на премиерот и му порачуваме што повеќе од овошјата кои ги нарачале во Владата. Во исто време, синдикалната кошничка за јануари 2025 порасна за 6.089 денари, храната е поскапа за над 10%, а работниците преживуваат со мизерни плати.

Но, ова не е ништо ново – истата владејачка гарнитура веќе се разладуваше со бизнис-класи, приватни авиони и хотелски сметки што чинат повеќе од една годишна плата на обичниот граѓанин. раѓаните се борат за основни потреби, а Владата одбива предлог за минимална плата од 500 евра, ама затоа потпишува договори за прва-класа овошје и зеленчук. Додека јавниот долг расте, Владата размислува за нов владин авион. Граѓаните ова аздисување нема да го простат. Ова е понижување на секој кој чесно работи и се бори за живот во земја во која владата не се грижи за никој освен а себе.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари