NBC: Трамп може да ги брани само членките на НАТО само ако трошат повеќе за одбраната

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува за промена на американскиот ангажман во НАТО, според кој САД би бранеле друга членка на алијансата само доколку таа членка ја исполни целта на НАТО за трошоците за одбрана, изјавија извори денес за NBC News.

Доколку Трамп ја направи промената, тоа би го прекршило принципот на алијансата познат како член 5, кој вели дека нападот врз која било земја на НАТО е напад врз сите членки.

Трамп на сличен начин размислува за промена на политиката во која САД би можеле да одлучат да им дадат приоритет на воените вежби со членките на НАТО кои трошат одреден процент од нивниот БДП за одбрана, велат официјалните лица.

Администрацијата на САД веќе им сигнализираше на европските сојузници дека САД би можеле да го намалат своето воено присуство во Европа, а една од опциите што сега се разгледува е да се репозиционираат некои американски трупи во регионот, така што тие да бидат фокусирани на или околу земјите од НАТО кои ги зголемиле трошоците за одбрана.

Би можело да ве интересира

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Путин ги кажа условите за крај на војната во Украина: Москва одговори на заканите за санкции на Трамп

„Телеграф“: Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија

Трамп: Верувам дека Путин сака мир

Трамп и се закани на Русија

Новата рунда преговори Украина-САД во вторник во Саудиска Арабија