Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Од:

Голем пожар избувна денеска во центарот на холандскиот град Арнхем, кој брзо се прошири и зафати десетина куќи, а се уште не е под контрола, изјави портпаролот на противпожарната бригада.

Пожарот најпрво избувнал во една продавница, а потоа се прошири и на другите, а целиот историски дел од центарот на градот бил блокиран, пренесува NL Times.

Засега нема извештаи за повредени, но пожарникарите не можеле да ги пребараат сите запалени куќи поради интензитетот на пожарот.

– Пожарот зафатил стари куќи од 18 и 19 век, со продавници во приземјето и станови над нив. Изгореа десетина продавници и станбени блокови, изјави локалниот претставник Рене Биерман.

Полицијата и пожарникарите прават напори да ги евакуираат сите загрозени жители. За гаснење на пожарот ангажирани се околу 150 пожарникари.

Би можело да ве интересира

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин