Мајка и ќерка живи изгореа во сообраќајка кај Суботица

Од:

Мајката Сaнела С. и нејзината ќерка Марија С. на возраст од околу 18-години изгореа во автомобил кој се запали синоќа во сообраќајна несреќа во населбата Мала Босна кај Суботица.

Починатите биле од Таванкут.

Според првичните информации, се судриле „пасат“ и „фиат панда“. Мајката и ќерката трагично загинале бидејќи биле заробени во возилото додека горело.

На местото на несреќата а брзо пристигна возила на брза помош, пожарникари и полиција, кои укажаа помош на повредените и го изгаснаа пожарот.

Истрагата откри дека до несреќата дошло кога Ј.Т. (52) додека управувал со „пасат“, поради непрописна брзина, изгубил контрола над возилото и престигнал возило „фиат“ што се движело пред него и удрил во него. По судирот двете возила се превртеле на покривот, а „фиатот“ се запалил.

Двете лица од „фиатот“ починаа на местото на настанот, додека Ј.Т. и неговиот сопатник се пренесени во болницата во Суботица каде им се констатирани тешки телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.

Утврдено е и дека Ј.Т го управувал „пасатот“ со 2,07 промили алкохол во крвта и по наредба на Основниот јавен обвинител во Суботица ќе биде поднесена кривична пријава за сторено тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени